Дома Фудбал Италија Не замина и во најтешките денови – Денес има 40 години и стана рекордер!

Не замина и во најтешките денови – Денес има 40 години и стана рекордер!

Парма во овој момент е во Серија Б, а со неа заедно и неговиот рекордер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алесандро Лукарели има 40 години и понатаму е член на Парма.

Овој фудбалер во 2008 година пристигна во овој тим, одигра 311 натпревари за Парма со што постави нов клупски рекорд.

Овој човек за Парма играше во сите лиги од Серија А до Серија Д, Парма не ја напушти ниту во најтешките моменти кога овој клуб поради банкрот беше исфрлен во Серија Д.

„За овие десет години, чуствував повеќе тага отколку уживање, во овие 311 натпревари правев многу грешки. За многу голови сум јас виновен. Сепак, едно е сигурно, не постои натпревар во кој не дадов 100%. Сега сакам од срце да му се заблагодарам на овој клуб што ми дозволи да бидам дел од нивната историја“, изјави Лукарели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дали играше Ламин Јамал со рака кога го доби пеналот?

Пеналот со кој Микел Ојарзабал ја донесе Шпанија во водство предизвика многу полемики, но …