Дома Трансфер зона Не е шега: Манчестер Јунајтед го сака Карлос Тевез!

Не е шега: Манчестер Јунајтед го сака Карлос Тевез!

Манчестер Јунајтед е спремен во своите редови да го врати искусниот аргентински фудбалер Карлос Тевез.

Како што пишува „Тутоспорт“, Оле Гунар Солскјер е спремен да го ангажира 35 годишниот напаѓач на позајмица до крајот на сезоната.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тевез во овој момент е член на Бока Јуниорс. Договорот му истекува во јуни, па Бока е спремна да го позајми бидејќи не смета сериозно на него.

Така Аргентинецот би можел да се врати во Јунајтед каде што играше од 2007 до 2009 година. Во тој период Тевез постигна 24 гола за „црвените ѓаволи“ и освои две титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…