Дома Трансфер зона Не е само Ди Марија, Интер сака уште еден играч на ПСЖ!

Не е само Ди Марија, Интер сака уште еден играч на ПСЖ!

di maria rabiot

Откако во текот на вчерашниот ден пишувавме за Анхел Ди Марија и можноста тој да заврши во Интер, денес се појауваат нови информации – Интер покажал интерес за уште еден играч на Пари Сен Жермен.

Имено, играчот за врска Адриен Рабио е на мета на Интер. Рабио игра одлично во дресот на ПСЖ и е дел од првиот тим на Емери, но неговата позиција беше загрозена со пристигнувањето на Ласана Диара, а покрај тоа се очекува во ПСЖ во летото кое пред нас да пристигне Маруан Фелаини.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Договорот на ПСЖ со Рабио има важност до летото наредната година, а со оглед дека засега нема знаци дека истиот може да биде продолжен Интер ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација ова лето.

Освен тоа медиумите пишуваат и во интерес на ПСЖ е да го продаде овој играч поради финансискиот фер плеј.

Покрај тоа како и во случајот со Ди Марија еден од условите за Рабио да прифати трансфер во Милано е клубот да избори пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…