Дома Топ вести Ди Марија може во Интер, но само под еден услов!

Ди Марија може во Интер, но само под еден услов!

Eлиминацијата на ПСЖ во 1/8 финалето од Лигата на шампионите повторно ја актуелизираше темата „Анхел Ди Марија – Интер“.

Евентуалниот трансфер на Ди Марија во Интер изгледаше како невозможна мисија, но испаѓањето на ПСЖ доведе до тоа овој трансфер да е навистина реален! Тоа е вест која сигурно ќе ги израдува навивачите на Интер кој и тоа како чекаат на некое големо засилување.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што тврди италијански „Тутоспорт“, спортскиот директор на Интер Пјер Аусилио престојувал во Париз со цел уште еднаш да ја провери ситуацијата со Аргетнинецот.

Сепак постои еден услов – Лигата на шампионите, односно пласман на „нероаѕурите“ во ова натпреварување следната сезона. Треба да се истакне, дека Интер во Лигата на шампионите не учествува од сезоната 2011/2012.

Пред една година кога прв пат се појави идејата Интер да го ангажира Ди Марија многумина со потсмев гледаа на ова, како во Италија, така и во Франција. Сега работите изгледа дека се променети и во Милано и во Париз.

Прво, „светците“ останаа без она што најмногу го посакуваа, Лигата на шампионите, па поради тоа би можеле да бидат направени големи промени на тимот.

Ди Марија со ПСЖ има договор до 2019 година, а веќе некое време во француските медиуми се пишува дека во табороот на клубот од Париз немаат намера истиот да го продолжат. Од друга страна пак секако дека Аргентинецот би претставувал сериозно засилување за италијанскиот клуб.

Но, како што кажавме, прво мора да се изборат за пласман во Лигата на шампионите, што според сегашната форма на тимот воопшто нема да биде едноставно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш ја згрозил шпанската јавност со потегот по излегувањето од затворот

Поранешниот бразилски репрезентативец, Дани Алвеш ја налути јавноста со потегот кој го нап…