Дома Топ вести Најчудниот трансфер – На сметката ќе му легнат 40 милиони евра па ќе се откупи самиот себе

Најчудниот трансфер – На сметката ќе му легнат 40 милиони евра па ќе се откупи самиот себе

Атлетико Мадрид е казнет со забрана за доведување на играчи ова лето, па Диего Симеоне за засилувања ќе мора да чека до јануари следната година.

Најголемиот проблем на Симеоне не е тоа што нема да може да купува нови играчи уште пола година, туку што во меѓувреме некој може да му ги земе играчите за кого е заинтересиран.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во Атлетико веќе со денови размислуваат како можат да ја измамат ФИФА, да ја заобиколат суспензијата и да го донесат Витоло од Севиља. За еден од своите најдобри играчи, Севиља бара 40 милиони евра, многумина се подготвени тоа да го платат, а меѓу нив е и Атлетико. Само што Атлетико, за разлика од другите клубови како Барселона и ПСЖ, не смее да доведува играчи.. Севиља доколку добие 40 милиони евра ќе го продаде веднаш, а за парите на Атлетико ќе мора да чека до јануари.

Така, во Атлетико најдоја решение како 27-годишниот Витоло на приватен начин да уплатат 40 милиони евра, а тој да го откупи договорот и да стане слободен играч. Така, пола година би се вратил во Лас Палмас, а потоа би се преселил во Атлетико каде што сака да игра. Наводно, од Лас Палмас се подготвени да му помогнат на Атлетико и Витоло, но бараат 12,5% од 40 милиони евра.

А зошто на Витоло му е важно да си замине во некој друг клуб пред јануари и да се пресели во Атлетико? И самиот виде што се случи со фудбалерите на Барселона, Арда Туран и Алеш Видал кои поради истите причини мораа да паузираа, а блиску е Светското првентство, па свесен е дека би можел да остане без повик од шпанската репрезентација доколку пола година не го видиме на фудбалските терени.

Витоло во овој случај од јануари би можел да биде регистриран како играч на Атлетико и за во ЛШ бидејќи Лас Палмас не настапува во тоа натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…