Дома Трансфер зона Најпознатиот стручњак за трансфери: Трансферот на Роналдо е завршена работа

Најпознатиот стручњак за трансфери: Трансферот на Роналдо е завршена работа

Кристијано Роналдо после девет години ќе ги напушти редовите на мадридски Реал и ќе стане член на торински Јуве.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најдобриот фудбалер на светот со трансфер од 100 милиони евра ќе ја засили Старата дама од Торино, а Скај Спорт тврди дека нема причина од загриженост околу трансферот и дека Роналдо е цврсто решен да дојде во Торино.

Исто така, и најпознатиот стручњак за трансферти Џанлука Ди Марзио ги уверува навивачите на Јувентус дека нема потреба од грижа и дека трансферот е готова работа.

Роналдо во наредната недела би требало да го потпише договорот со Бјанконерите. За четири години ќе заработи 120 милиони евра, односно 30 милиони по сезона.

Роналдо моментално е на одмор во Грција со семејството и од час во час се очекува за потврда на големиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…