Дома Трансфер зона Најдобриот стрелец на Европското првенство е пред трансфер

Најдобриот стрелец на Европското првенство е пред трансфер

Репрезентативецот на Грузија, Жорж Микаутадѕе е најдобар стрелец на Европското првенство, а со тие добри настапи си обезбеди одличен трансфер.

Во овој момент тој е член на Мец, но според последните информации тој се договорил со Монако.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Грузискиот напаѓач беше позајмен од Ајакс и за една полусезона постигна 14 гола и запиша четири асистенции на 22 натпревар. Мец имаше право на откуп за 13 милиони евра и ја искористи таа опција.

Сега со добрите настапи за Грузија на ЕП дополнително го сврте вниманието на себе и Монако како што пренесуваат медиумите експресно реагирал. Ќе потсетиме, Грузија во својот дебитантски настап стигна до осминафиналето на ЕП каде што ќе игра против Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…