Дома Останати Кошарка Најавите оптимистички – Познато кога се враќа Милош Теодосиќ?

Најавите оптимистички – Познато кога се враќа Милош Теодосиќ?

Скоро секојдневно се водат полемики околу тоа кога Милош Теодосиќ би можел да се врати на паркетот.

Иако се појавија одредени најави дека Теодосиќ сеуште е далеку од својот нов официјален натпревар во дресот на Клиперси, најновите прогнози најавуваат дека одличниот плејмејкер повторно би можел да игра кошарка во наредните три недели. Односно дека ќе ги пропушти наредните, пет до десет натпревари.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тоа го најави неговиот тренер Док Риверс во последното обраќање кон новинарите. Теодосиќ во последните денови работи на шутот, но повредата на стапалото сеуште не му е доволно санирана, па сеуште не добил зелено светло за враќање на терените.

Гледајќи го распоредот на Клиперси, Теодосиќ сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Јута, Далас, потоа два натпревари во низа против Минесота и натпреварот против Вашингтон, а можеби и натпреварите против Торонто, Орландо, повторно Вашингтон, Мајами и Сан Антонио.

Доколку се оди според планот тој би требало да биде подготвен за натпреварот против Феникс во Лос Анџелес на 21 декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама директно: Јокиќ не е најдобар играч во НБА!

Виктор Вембањама не ги крие амбициите по враќањето на теренот. Центарот на Сан Антонио Спа…