Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА ден 10: Светскиот шампион нема право на грешка, Мексико бара 1/8 финале, Белгија против „тврдиот“ Тунис

НАЈАВА ден 10: Светскиот шампион нема право на грешка, Мексико бара 1/8 финале, Белгија против „тврдиот“ Тунис

Денес на Мундијалот во Русија како и во поголемиот број денови не очекуваат три натпревари.

Прво во 14:00 часот отвараат Белгија ќе се сретне против селекцијата на Тунис.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгијците во првото коло може да се каже ја имаа најлесната задача на Мундијалот играа против најголемиот аутсајдер на Мундијалот, Панама. Тој натпревар фаворитот го доби со 3:0.

Јасно, Белгија е фаворит и во овој натпревар, можеби не така изразит после доброто издание на Тунижаните против Англија, но сепак се очекува да слават, посебно што со победа веројатно би го обезбедиле 1/8 финалето пред последното коло кое го носи дербито против Англија.
Белгијците во овој натпревар влегуваат шест победи во низа и 11 натпревари на кои не се поразени и очекувањата се таа низа да биде продолжена.

Сепак, тоа е на хартија, а овој Мундијал не навикна дека можеме да очекуваме изненадувања. Тунис одигра одличен натпревар против Англија и беа поразени дури со голот на Хари Кејн во финишот од средбата.

Мораме да истакнеме и дека Тунис во тој натпревар не постигна гол од игра. „Гордиот Албион“ двата погодоци ги постигна после корнери.

Според коефициентите во популарната онлајн обложувалница „Coinbet24“ Белгија е голем фаворит и за победа добива коефициент од 1.37, за „двојка“ што би било огромно изненадување добивате коефициент од 9.30, за реми 4.65.

Мундијалската програма продолжува со натпреварот од 17:00 часот кога ќе се сретнат Јужна Кореја и Мексико.

Мексико е селекцијата која според многумина го направи најголемото изненадување во првото коло совладувајќи го светскиот шампион Германија.

Мексиканците се помеѓу селекциите кои прикажаа најдобра игра во првото коло и победа во овој натпревар ќе ги доведе на чекор од 1/8 финалето.

Корејците во натпреварот влегуваат како аутсајдери, можеби не така големи со оглед на прикажаната игра против Швеѓаните кога загубија само минимално од 1:0.

Селекторот на Корејците за овој натпревар не ќе може да смета на Парк-Јо-Хо кој заработи повреа на мускулот.

Мексико посебно после фантастичниот настап против Германија за победа против Кореа во „Coinbet24“ добива коефициент од 1.68, за реми изнесува 3.65, додека за победа на Корејците што секако би било изненадување коефициентот изнесува 5.50.

И во 20:00 часот натпреварот кој поради поразот на Германците во првото коло сигурно е најинтересен.

Јоаким Лев и неговите избраниците немаат право на кикс во овој натпревар, Мексико ги изненади не смеат да си дозволат истото да им се случи и против Шведска.

Од друга страна Шведска покажа дека не е наивна репрезентација беа хит во квалификациите, а Италијаците токму поради нив не се во Русија. Не се поразени во
последните три натпревари во кои се и без примен погодок, додека пак Германија не одиграла реми во последните 11 натпревари.
Кога во прашање се повредените играчи, тука Лев има сериозен проблем – не може да смета на Матс Хумелс.

Во случај овој натпревар да заврши со некој резултат, а тој да не е победа на Шведска и Мексико слави против Кореа што е за очекување, Германците би се нашле во сериозни проблеми.

Како што кажавме Германија во овој натпревар нема право на грешка и евентуален кикс би им донел големи проблеми, тие се фаворити и добиваат коефициент од 1.51, за реми добивате 4.20, додека за она на кое Германците не сакаат ниту да помислат, односно победа на Шведска „Coinbet24“ доделува коефициент од 6.60.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…