Дома Фудбал Фиго го советува Винисиус да не се зафаќа со навивачите на Реал Мадрид

Фиго го советува Винисиус да не се зафаќа со навивачите на Реал Мадрид

Луиш Фиго е авторитетна фигура кога станува збор за анализа на случувањата во Реал Мадрид. Обично, Португалецот е искрен пред медиумите, а сега го коментираше одлуката на Винисиус Жуниор да не го прослави својот гол против Атлетик Билбао на “Бернабеу” (кој на крај беше поништен). Напаѓачот како да сакаше да им покаже на навивачите дека не се во право да го критикуваат.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Не знам што се случило и не сакам да се мешам во работи што не сум ги видел,” почна Фиго првично пред “Марка”. – Но мислам дека никогаш не е добро да си во конфликт со своите навивачи, нели? Сакаш тие да те поддржуваат, да играш добро и луѓето да се задоволни.”

Португалецот ја истакна важноста на односот меѓу играчот и неговите навивачи, нагласувајќи дека “за другите навивачи не ти е грижа, но сакаш твоите да те сакаат, нели?”. Во овој контекст, Фиго намекна дека Винисиус треба да ја бара поддршката од публиката на “Бернабеу”, наместо да влегува во директен конфликт со приврзаниците на “белите”.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…