Дома Фудбал Реал тргнува по најдобриот фудбалер на светот

Реал тргнува по најдобриот фудбалер на светот

Изгледа дека оваа сезона е последна за Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид, и поради тоа „кралевите“ веќе почнуваат активно да ја бараат неговата замена.

Главен кандидат е фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, кој го освои „Златната топка“, и за него веруваат дека е идеален наследник на Модриќ.

Родри, како Шпанец, е многу ценет во својата земја благодарение на постигнувањата со националниот тим.

Оваа сезона ја пропушти поради сложена повреда, но иако има договор со Сити до 2027 година, Перез е подготвен да инвестира средства за да го донесе во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија загуби дел од својата историја: почина Агрон Мемеди на 45 години

Поранешниот македонски репрезентативец и член на стручниот штаб на Шкендија, Агрон Мемеди,…