Дома Трансфер зона Начо се прости од Реал, Роналдо му испрати емотивна порака

Начо се прости од Реал, Роналдо му испрати емотивна порака

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез денеска и официјално го напушти „кралскиот“ клуб.

Начо пристигна во 2001 година и играше за младинските категории на „кралевите“, по што го облече дресот на првиот тим во 2012 година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Многу ми е тешко, но време е за нов предизвик. Размислував со месеци и решив дека е најдобро да заминам“, истакна Начо.

Дефанзивецот кариерата ќе ја продолжи во Ал Кадсија во Саудиска Арабија, а емотивна порака до него испрати и Роналдо/

„Ти си еден од хероите на големата историја на Реал Мадрид. Биди горд на тоа што го направи Начо“, напиша Роналдо на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…