УЕФА во четвртокот ги објави имињата на тројцата кандидати за престижното признание – Најдобар играч во Европа за сезоната 2018/2019.
Тоа се Лионел Меси (Барселона), Вирџил Ван Дајк (Ливерпул) и Кристиано Роналдо (Јувентус).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ван Дајк беше еден од најзаслужните што Ливерпул ја освои Лигата на шампионите и очекувано се најде помеѓу номинираните, додека изненадување не беше и појавувањето на Лионел Меси.
Аргентинецот повторно дојде до европската „Златна копачка“ и Барселона ја одведе до титулата шампион на Шпанија.
Најмногу реакции предизвика номинирањето на Кристиано Роналдо кој со Јувентус го освои Скудетото, но тоа беше и очекувано поради доминацијата на „старата дама“ во Италија.
На „Водафон Парк“ стадионот на кој се играше Супер купот пронајден е лист според кој Меси ја освојува наградата за најдобар во Европа, а зад него е Ван Дајк, па Роналдо.