Дома Трансфер зона Наполи ја „украде“ големата желба на Интер и Јувентус

Наполи ја „украде“ големата желба на Интер и Јувентус

Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи веќе нашол замена за Елиф Елмас, а станува збор за играчот на Удинезе, Лазар Самарџиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, но трансферот пропадна бидејќи агентот побара повисока плата.

Наплитанците уште минатата недела започнаа преговори со Удинезе, а последните информации од Апенините се дека е постигнат договор.

Трансферот ќе се комплетира наредните денови, а Наполи за потписот на Самарџиќ ќе плати 20 милиони евра плус бонуси.

Силен интерес за фудбалерот покажуваше и Јувентус, но Наполи успеа да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…