Дома Тенис Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Околу 17 милиони евра заработка на тениските терени, а денес помош од пријателите за да ги издржува децата. Таква е финансиската состојба што ја опишува Аранча Санчез Викарио, 54-годишната Шпанка која некогаш беше на врвот на светскиот тенис.

Поранешната тениска ѕвезда вели дека продолжува да се бори и покрај тешкотиите. Нејзините тврдења за недостигот од пари се дел од приказната за финансиска афера во која се најде заедно со поранешниот сопруг, Џозеф Сантакана.

Случајот се однесува на избегнување исплата на долг кон Банката на Луксембург. Сумата што наводно ја должат достигнува 6,6 милиони евра, со вклучена камата поврзана со неплатени даноци.

На Санчез Викарио ѝ се заканувала четиригодишна затворска казна. На изрекувањето на пресудата на 12 септември 2023 година, кога плачела пред судијата, добила условна казна од две години затвор и парична казна од 8.640 евра.

Во својата одбрана таа ја посочила довербата што му ја дала на Сантакана. Според нејзиното сведочење пред судот во Барселона, тој ги водел финансиите од 2009 година, а таа ги следела неговите барања бидејќи не се разбирала во управување со имот и компании.

Тенисерката тврдела дека била манипулирана и дека планот за избегнување данок на доход бил направен на негово инсистирање. Иако, како што кажала, сакала да го подмири долгот, тогашниот сопруг ја уверувал дека сè е средено.

Потрагата по парите заработени во кариерата ја одвела и до тужба во САД. Санчез Викарио тврди дека Сантакана го продал имотот стекнат во нејзините професионални години и ги префрлил парите таму, па преку суд побарала да утврди каде завршиле средствата.

Таа признала дека погрешила во изборот на партнер, а низ солзи објаснила дека финансиската поддршка од пријателите ѝ овозможува да се грижи за децата. Порачала и дека нема намера да се откаже.

Сантакана, пак, ја оспорува нејзината верзија за одговорноста. Неговиот став е дека поранешната сопруга не може да се изземе од одговорност за финансиската афера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Осум поени за победнички крај: Ѓорческа ја елиминира третата носителка во Истанбул

Лина Ѓорческа ја совлада Берфу Ченгиз со 3:6, 7:6(1), 6:4 и ја прекина серијата од четири …