Српскиот фудбалер Лазар Самарџиќ и дефинитивно ќе биде замената за Елиф Елмас во Наполи.
За 21-годишниот фудбалер Наполи на Удинезе ќе му ја исплати истата сума која ја доби од Лајпциг за Елмас – 25 милиони евра, 20 ќе бидат исплатени веднаш, а пет преку бонуси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорени се и личните услови, па српскиот репрезентативец под Везув ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона.
Самарџиќ е фудбалер кој е роден во Берлин и ги помина сите младински селекции на Германија, но минатата година се одлучи да настапува за Србија. Првите фудбалски чекори ги направи Херта, потоа настапуваше и за Лајпциг, а во Удинезе игра од летото 2021 година. Калчолигашот за него плати три милиони евра.
Вкупно за Удинезе, Самарџиќ одигра 80 натпревари, постигна десет голови и подели исто толку асистенции.
Tрансферот на Самарџиќ веќе го најави и Наполи преку социјалните мрежи објавуваќи фудбалер со дресот број 24 кој го носи Самаеџиќ.