Крилото на Рома и турски репрезентативец Џенгиз Ундер ова лето најверојатно ќе го напушти „Олимпико“.
22-годишниот Ундер покажа голем потенцијал, но за време на оваа сезона тој беше измачуван од повреди и тоа го спречи да се избори за стартно место во тимот на Пауло Фонсека.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома е во финансиска криза и е спремна да го продаде турскиот репрезентативец, а најсилен интерес за него покажува Наполи.
Двата клуба веќе започнале преговори и би можеле да се договорат за трансфер вреден 30 милиони евра плус бонуси.
Ундер пристигна во Рома од Истанбул Башакшехир во 2017 година за сума од 14 милиони евра.
#Roma, sì al #Napoli per #Under: i dettagli https://t.co/eFf5UNtv0h pic.twitter.com/gzznoBu3KT
— calciomercato.com (@cmdotcom) July 30, 2020