Дома Трансфер зона Рома спремна да го продаде тандемот кој ветуваше за 50 милиони евра

Рома спремна да го продаде тандемот кој ветуваше за 50 милиони евра

Рома во претходните сезони многу се надеваше на двајцата талентирани и квалитетни фудбалери, но изгледа Ченгиз Ундер и Џастин Клајверт не ги оправдаа очекувањата.

Клајверт имаше пристојна сезона и постигна седум голови на 31 натпревар додека Ундер целосно потфрли, дел и поради повредите кои го мачеа.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради тоа не чудат најавиите дека Рома би можела да ги продаде двајцата и на нив да заработи околу 50 милиони евра.

„Газета“ пишува за интерес од премиерлигашите за Клајверт и тој би можеле да го продадат за 30 милиони евра, додека турскиот фудбалер е проценет на 20 милиони евра. Ундер претходно се поврзуваше со трансфер во редовите на Наполи.

Од друга страна дел од навивачите на ова гледаат како на лош потег затоа што Клајверт има 21, а Ундер 23 години и би требало да претставуваат иднина на клубот.

Сепак, Рома ќе го менува раководството откако дојде нов сопственик па затоа ќе се чека веројатно прво да се заврши тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…