Дома Топ вести Рома и Милан започнаа преговори – на повидок голема трампа

Рома и Милан започнаа преговори – на повидок голема трампа

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Рома и Милан спремаат голема трампа според која Сусо ќе заврши на „Олимпико“,  а во Милано ќе се пресели Џенгиз Ундер.

Сусо оваа сезона игра во слаба форма и Милан е спремен да го продаде, а Рома уште во летниот преоден рок беше заинтересирана за Шпанецот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Поради тоа „волчицата“ е спремна во Милано да го испрати Џенгиз Ундер, а за возврат да го добие потписот на Сусо.

Милан е во потрага по крилен напаѓач и Ундер би бил одлична опција, па поради тоа оваа опција им одговара на двата клуба, а агентите веќе работат на размената.

После повредата на Заниоло, Рома инсистира да го донесе Сусо како негова замена, па доколку не се реализира трампата, „волчицата“ е спремна да исптрати понуда од 30 милиони евра за Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …