Наполи ќе се обиде да го врати напаѓачот Единсон Кавани на „Сан Паоло“ ова лето, пренесуваат италијанските медиуми.
Уругваецот е слободен агент откако му истече договорот со Пари Сент Жермен и неколку клубови се борат за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неаполитанците го контактирале Кавани и ќе се обидат да го вратат на „Сан Паоло“, каде ја доживеа својата афирмација.
33-годишниот напаѓач играше за Наполи во периодот од 2011-13 и постигна 104 голови на 138 натпревари до неговиот трансфер во ПСЖ.
Сепак, Наполи ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Кавани се заинтересирани уште Интер и Атлетико Мадрид.