Дома Македонски спорт Наполи одбил четири понуди за Елмас: Ниту сме преговарале, ниту имаме намера!

Наполи одбил четири понуди за Елмас: Ниту сме преговарале, ниту имаме намера!

Елиф Елмас иако во Наполи не е стартер сепак клубот и тоа како го цени, а потврда за тоа е последната изјава на спортскиот директор на клубот, Кристијано Џинтоли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После информацијата дека Бенфика ќе се обиде да го доведе Елмас во јануари, се огласи Џинтоли и откри дека клубот покрај понуда од Бенфика одбил уште три други од Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и Лидс.

„За Елмас не преговараме, ниту пак имаме намера за такво нешто, тој ќе остане во Наполи. После инвестицијата од 16 милиони евра после две години имавме понуди од 25-26 милиони евра. Бенфика, Лидс, Борусија Менхегладбај и Борусија Дортмунд се клубовите кои испраќаа понуди за Елмас“, изјави Џинтоли.

Ќе потсетиме, Елмас во Наполи дојде од Фенербахче за 16 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…