Во морето на исклучително добро платени фудбалери, сеуште можат да се најдат фудбалери ки играат во големи европски клубови и кои заработуваат како „обичните смртници“.
Во Барселона на таа листа најслабо платени е одличниот Серџи Роберто, а во Реал Мадрид постои фудбалер кој заработува „смешна“ сума. Станува збор за Мариано Диаз кој оваа сезона се почесто добива шанса да игра за „кралскиот“ клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој репрезентативец на Доминиканската Република неодамна даде злато вреден гол во големиот пресврт на „кралевите“ над Депортиво, но и покра важната улога во тимот Диаз и понатаму е најслабо платениот играч кај европскиот шампион.
Според извештаите на шпанските медиуми неговата неделна плата изнесува „скромни“ 5.000 фунти, додека првите ѕвезди на тимот заработуваат и до 365.000 фунти неделно. Платата на овој талентиран напаѓач без проблем ја заработуваат фудбалери кои играат во третите леги во европските земји.
Мариано Диаз е роден 1993 година во Барселона, а првите фудбалски чекори ги направи во Мадрид. Настапуваше за младинскиот тим на „кралевите“ каде беше еден до најефикасните, а Зидан оваа сезона го прекомандова во првиот тим.
Неговиот договор со Реал Мадрид истекува во 2021 година, па за очекување е челниците да му понудат нов, со подобри цифри во него.