Рома и Ливерпул утре на Олимпико ќе го одиграат својот реванш полуфинален натпревар во ЛШ.
На првиот одигран натпревар во Англија славеше Ливерпул со резултат 5:2, меѓутоа и покрај тоа Римјаните веруваат дека можат да направат сензација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред натпреварот своите очекувања ги изнесе и Наинголан.
„Тешко е, но не и невозможно. Направивме таков пресврт против Барселона, против Меси и Суарез, кои едвај имаа шут на гол. Ќе се обидеме да направиме уште еден историски подвиг.“ – изјави Наинголан за Тајмс.
Во интервјуто за британскиот медиуми Наиголан откри дека имал понуда да премине во Челси, но сепак, како што рече, на 30. години не бил спремен да размислува за нов почеток.
Да потсетиме, Рома и Ливерпул се на програмата утре со почеток во 20:45 часот.