Дома Македонски спорт Надежите до 17 години ремизираа против Србија

Надежите до 17 години ремизираа против Србија

Репрезентацијата на Македонија до 17 години денес ремизираше во натпреварот против Србија во натпреварот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Натпреварот помина без премногу возбудувања, а Македонија најдобрата прилика ја пропушти во првото полувреме преку Ерион Шуку. Гостите исто така имаа една 100% шанса, но нашиот голман, Стефан Тасев одлично реагираше.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Вториот дел започна со многу промени на двете страни, за издвојување се двете шанси на гостинските фудбалери, меѓутоа среќата беше на наша страна.

За четврток со почеток во 11 часот закажан е нов контролен натпревар.

СОСТАВИТЕ:

Македонија

 1. Стефан Тасев, 2. Никола Павлески, 4. Бленд Зекири, 6. Матеј Ангелов, 7. Дашмир Елези, 10. Бесар Гуџуфи, 13. Христијан Поп Антовски (Марко Ристов 60`), 14. Мирче Стоилов (Марко Тренески 63), 15. Борјан Попоски (Енис Буки 60`), 16. Игор Јаневски, 19. Ерион Шуку; Селектор: Драган Канатларовски

Замени: Васко Василев, Марко Ристов, Енис Буки, Матеј Ѓоргуев, Левент Ибраим, Матеј Ѓурчиновски, Марко Тренески;

Србија

12. Лазар Каличанин, 2. Дишан Ѓоровиќ, 3. Бранислав Миланов, 4. Стефан Лековиќ, 6. Урош Пауновиќ, 9. Давор Ракиќ, 10. Павле Огњановиќ, 15. Вања Апостоловски, 17. Андреј Стефановиќ, 20. Никола Маринковиќ; Селектор: Саша Илиќ

Замени: Премовиќ, Жакниќ, Васиќ, Ивановиќ, Гордиќ, Вукиќ, Маљукан, Лабан, Миладиновиќ; 

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…