Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал ќе игра на УС Опен.
Како што пишува споменатиот извор, Надал ќе го искористи заштитениот пласман за влез во главната ждрепка на последниот Грен слем во сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Надал четири пати во кариерата го крена трофејот во Њујорк, последен пат во 2019 година, минатата година не играше поради повреда.
Пред тој турнир Надал ќе се обиде да и донесе уште еден медал на Шпанија на Олимпијадата. Во Париз ќе игра во сингл, но и во двојки со Карлос Алкараз.
Моментално 261-от тенисер во светот моментално се наоѓа во Бастад, Шведска, каде што настапува и во двете конкуренции на турнирот од АТП серијата 250.
Тој вчера во првото коло во сингл го победи Лео Борг, синот на славниот Швеѓанец Бјорн Борг со 6:3, 6:4.
Во второто коло го очекува многу посериозен предизвик бидејќи ќе се соочи со петтиот носител Камерон Нори.