Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека нема оптеретување со поставување рекорд до крајот на својата кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рафа се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен и таму ќе се сретне со подобриот од дуелот Монфис – Беретини. Доколку стигне до финалето Надал ќе се бори за рекордниот 21. гренслем во кариерата иако се веруваше дека Ѓоковиќ е поблиску.
Надал вели дека тоа не му е оптеретување.
„Фактот што сме изедначени по 20 титули зборува дека делиме неверојатна историја во овој спорт. Уживам даи гра тенис и тоа сум го кажал повеќе пати до сега. Нема да ми биде криво ако Новак или Роџер на крајот имаат повеќе титули од мене. Уживам во моментот, секој од нас е посебен“, изави Надал.