Дома Останати Тенис Надал: Кога луѓето одат на работа зошто ние не можеме да играме?

Надал: Кога луѓето одат на работа зошто ние не можеме да играме?

Тенисот како и останатите спортови на највисоко ниво е стопиран на неодредено време поради пандемијата со коронавирусот и се чека да се види кога ќе се создадат услови за продолжување на сезоната.

Дел од земјите веќе ги намалија мерките, меѓутоа до нормализирање на работите се уште има време.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Свое мислење за ситуацијата сега даде Рафаел Надал на кој не му е јасно зошто тие не можат да играат кога голем број луѓе одат на работа. Според Шпанецот во еден тениски меч може да се создадат услови за пропишаната дистанца.

„Голем број луѓе одат на работа, зошто кога тие работат ние да не можеме да играме? Мислам дека во еден тениски меч може да се има безбедна дистанца. Сепак, ги разбирам правилата и ги прифаќам. Многу луѓе не можат да се простат од нивните семејства, тоа се страшни работа. Не можам да замислам како им е. После ова многу луѓе ќе останат и без работа, време е да се обединиме“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …