Дома Фудбал Англија Нагелсман експресно си најде клуб од Премиер лигата

Нагелсман експресно си најде клуб од Премиер лигата

Отказот што го доби Јулијан Нагелсман силно одекна во фудбалскиот свет, па потегот на Баерн Минхен ги изненади сите.

Нагелсман имаше договор со Баерн до 2026 година, но германските медиуми пренесуваат дека имал големи недоразбирања со раководството.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се чини дека 35-годишниот Германец нема долго да чека на нов ангажман, бидејќи силен интерес за него покажува Тотенхем.

Тотенхем е во потрага по нов тренер, откако стана јасно дека Антонио Конте ќе си замине на крајот на сезоната.

Сега откако Нагелсман е слободен „спарси“ ќе се насочат кон негов ангажман и наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поразот од Јунајтед ги активира алармите: Артета бара три засилувања до крајот на јануари

Крајот на преодниот рок за оваа зима се приближува, а Топчиите по поразот од Манчестер Јун…