Дали се во право?
Доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во Милан изгледа е готова работа, барем така тврдат Италијаните.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двете страни лесно се договорија, па „росонерите“ се во екстаза на и го очекуваат големото засилување.
Меѓутоа двете фудбалски легенди на овој клуб Алесандро Костакурта и Клаудио Џентиле не се согласуваат со овој трансфер.
„Да се прашувам јас, не би го довел Ибрахимовиќ во Милан. Доколку пристигнеше пред шест или седум години, тоа би било одлично, не само за Мичан, туку и за целиот италијанскиот фудбал“, изјави Костакурта.
Слично мислење има и Клаудио Џентиле.
„Би дал и пари за да го слушам на претставувањето како зборува само за себе. Но, мислам дека Милан треба да сврти нова страница“, изјави Џентиле.