Дома Фудбал Германија Навивачите побараа отказ, а Тухел порача: Лацио не победи, ние изгубивме

Навивачите побараа отказ, а Тухел порача: Лацио не победи, ние изгубивме

Баерн Минхен во рамките од првиот натпревар од двомечот во осминафиналето против Лацио беше поразен со 1:0. По натпреварот очекувано следуваа критики за германскиот стратег.

Столчето на Тухел сериозно се тресе бидејќи како што изгледа засега ќе ја изгубат и битката за титулата во Бундеслигата со Леверкузен. Навивачите бараа смена и во текот на вчерашниот натпревар со Лацио, сепак Тухел не е толку загрижен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По натпреварот Германецот потенцираше дека само тие се виновни за поразот, како и дека Лацио не покажал премногу.

„Фрустрирани сме и лути. Мислам дека ние го изгубивме натпреварот, не сум сигурен дека Лацио победи. Не сум  сигурен затоа што ја изгубивме самодовербата во второто полувреме, а потоа и примивме гол. Не можам да објаснам што се случи бидејќи имавме договор да го одржуваме интезитетот и да бидеме по одлучни на нивната половина, но ми изгледа дека ја изгубивме главата на почетокот на вториот дел“, изјави Тухел.

Клучен момент од натпреварот беше пеналот кој го направи Упамекано за кој доби и црвен картон, па Баерн остана со играч помалку.

„Направивме се за да го изгубиме натпреварот. Се беше во наши раце. Во одреден момент како да престанавме да веруваме во себе. Имаше многу индивидуални грешки“, незадоволен беше Тухел.

На прашањето дали е загрижен за својата иднина Тухел кратко одговори „не“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…