Големата трампа помеѓу Милан и Јувентус е договорена и во текот на денот се очекува официјализација. Игуаин и Калдара се селат на „Сан Сиро“, Бонучи се враќа во Торино.
Ова е најголемата трансфер операција во поновата историја на италијанскиот фудбал и секако е главна тема на Апенините. Се чини дека Милан ќе излезе како голем добитник од целата трампа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Навивачите на Јувентус се разочарани, не поради заминувањето на Игуаин, туку поради враќањето на Бонучи.
Бонучи е еден од најдобрите дефанзивци во светот, но има 31 година, а Калдара важи за еден од најголемите таленти на Апенините и во него гледаа столб на одбраната во иднина.
Меѓутоа, раководството на „старата дама“ никогаш не ги слуша навивачите. Тие во договор со тренерот Алегри инистираат да се врати Боничи бидејќи целта е освојување на Лигата на шампиони и што посилен тим. Нема време да се чека Калдара, Бонучи веднаш ќе се вклопи и ќе биде лидер на одбраната.
Од друга страна Милан е голем добитник, го добива еден од најперпективните дефанзивци, кој заедно со Ромањоли ќе направи тандем за следните 10 години. Притоа, го добива еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Во последните пет сезони никој не постигнал повеќе голови од Игуаин во Серија А. Аргентинецот во 5 сезони има постигнато 111 гола, па јасно е дека „росонерите“ со Пипита во тимот ќе бидат кандидати за пласман во Топ 4.