Дома Фудбал Италија Навивачите на Интер спремаат инвазија на Рим

Навивачите на Интер спремаат инвазија на Рим

Лацио и Интер во последниот натпревар оваа сезона од Серија А на „Олимпико“ ќе водат битка за четвртото место и пласман во Лига на шампиони.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пред последното коло Лацио има 72 бода и го држи четвртото место, а Интер има три бода помалку од римскиот клуб, но во случај на победа ќе ги претекне „бјанкочелестите“.

Колку овој меч е важен за „нероаѕурите“ покажува и фактот што дури 12.000 навивачи на Интер најавиле доаѓање на „Олимпико“. Се претпоставува дека околу 7.000 навивачи ќе пристигнат од Милано, а останатите 5.000 од други делови на Италија.

Инаку, „Олимпико“ готово сигурно ќе биде цел распродаден и се очекуваат околу 70.000 гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пeрез се согласи на сите услови на Мурињо, па му кажа што мора веднаш да направи кога ќе го потпише договорот

Жозе Мурињо, според сите изгледи, ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, затоа што Флоренти…