Екипата на Арсенал денеска договори големо засилување, пренесуваат англиските медиуми.
Како што беше и претходно најавено во клубот пристигнува Бразилецот Вилијан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој наскоро и официјално ќе стане слободен играч откако ќе му истече договорот со Челси, а Топџиите и покрај големата финансиска криза му понудија спектакуларен договор.
Иако за три дена ќе наполни 32 години, Вилијан во Арсенал доби тригодишен договор кој е вреден дури 100.000 фунти неделно.
Поради тоа навивачите на клубот се изненадени бидејќи клубот неодамна објави дека поради финансиски проблеми мора да отпуштат 55 вработени.
Овој трансфер ќе биде објавен многу брзо.