Дома Фудбал Навивач се самоуби по загубен натпревар: Мајката се расплака во ТВ програма – „Бока е ѓубре, го уби мојот син!“

Навивач се самоуби по загубен натпревар: Мајката се расплака во ТВ програма – „Бока е ѓубре, го уби мојот син!“

Марсело Моралес, навивач на Бока Јуниорс, се самоуби по мечот со Флуминенсе во Копа Либертадорес.

Бразилскиот тим победи со 2:1 во финалето на Маракана и за првпат во својата историја стана шампион на Јужна Америка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа тешко го примил навивач од Аргентина чиј клуб беше поразен, па крена рака на себе, а мајка му за тоа го обвинува клубот.

Момчето кое се самоуби имало 23 години, а шпанска Марка пишува дека работел како полицаец во Буенос Аирес и дека пред се ја сакал Бока Јуниорс.

ТВ „Кроника“ ги пренесува зборовите на мајката на Марсело, која изјавила дека тој се самоубил поради исходот на натпреварот.

„Кога ќе загубеше, ќе беше лош, ќе се растажеше, ќе удираше, ќе речеше дека Бока е најголемата работа на светот. Сепак, Бока е ѓубре. Го убија. Сега веќе го немам и нема кој да изрази сочувство“, изјавила мајката на полицаецот.

Таа дури изјавила дека Марсело во неделите пред финалето му рекол на својот татко дека ќе се убие ако Бока загуби, но никој не го сфатил сериозно. Веднаш по натпреварот го пронашле неговото безживотно тело како неподвижно лежи во кревет.

„Сите мислевме дека се шегува. Ги учите младите да бидат свесни и да размислуваат за своите семејства“, вели мајката. Бока официјално не го објави овој трагичен случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер со гол во 90. минута го победи Јувентус, дербиото го обележа контроверзен црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Интер и Јувентус одиграа вистински спектакл во дербито од 25. коло на Сериј…