Дома Луд Спорт Навивач на Палмеирас убиен за време на финалето со Челзи

Навивач на Палмеирас убиен за време на финалето со Челзи

Еден човек е убиен за време на нереди во Сао Паоло меѓу навивачите на Палмеирас кои гледале како нивниот тим губи од Челзи во финалето на Светското клупско првенство, соопшти бразилската полиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Илјадници навивачи се собраа пред стадионот на Палмеирас за да ја гледаат големата драма во која славеше лондонскиот тим со погодок во 117-та минута.

Полицијата за починатото лице кажа дека бил затворски чувар, кој таа вечер не бил на должност, а засега не е познато кој го застрелал.

„Дошло до тепачка меѓу навивачите, која прераснала во нереди, а еден маж бил застрелан“, се вели во соопштението.

Интервентната полиција употребила солзавец и гумени куршуми за да ја растера толпата, а едно лице е уапсено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…