Освојувањето на бронзениот медал, Шпанците го посветија на својот капитен кој денес го одигра својот последен меч за репрезентацијата.
По 17 години, Карлос Наваро се одлучи да се повлече од репрезентацијата. Од дресот на „Црвената фурија“ се прости со медал, иако не златен на кој се надеваа пред почетокот на Еврошампионатот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа за него е вкупно десетти медал на големите натпреварувања. По завршувањето на мечот за третото место против Русија, кој „Фуријата“ го доби со 93:85, соиграчите го подигнаа на раце својот „поглавар“.
Наваро во својот последен меч на теренот мина 18 минути, постигна 2 поени, имаше четири скока и една асистенција.
Во продолжение погледнете ги најинтересните детали од мечот за бронзата.