Познатиот бразилски фудбалер и некогаш најскап играч во светот, 44-годишниот Денилсон донесе одлука за враќање на терените.
Човекот за кого Бетис во 1998 година плата нешто повеќе од 31 милион евра со што го направи најскап фудбалер на сите времиња во тој момент се враќа после пауза од цели 12 години и ќе настапува во бразилскиот нисколигаш Ибис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сега можам да кажам. Официјално е. Одлучив да се вратам на фудбалот после 12 години и од денес сум играч на Ибис. Одиме“, напиша Денилсон на Твитер.
Иако своевремено важеше за нова бразилска ѕвезда Денилсон не го оправда статусот најскап играч во светот. Играше добро во Бетис во 2005 година, но никогаш не стигна до статус каков што имаа многу колеги од неговата репрезентација.
Com o Íbis, nada é impossível. Ano passado, subimos pra primeira…
— Íbis Sport Club (@ibismania) March 22, 2022
E este ano… O IMPOSSÍVEL ACONTECEU NOVAMENTE!
Contratamos um Campeão do M-U-N-D-O! 🏆 🌎
Vem vestir essa camisa, @denilsonshow 🔥
Vem descobrir o que é ser #OPiorEntreOsMelhores 🚀 pic.twitter.com/tq9QWZdpBW