Aлександар Зверев славеше против Доминик Кепфер (6:4, 7:6) на турнирот во Акапулко, а овој меч посебно привлече внимание поради еден од поените кои го одиграа додека имаше земјотрес.
Моментот се случи во вториот сет, во еден момент земјата почна да се тресе и тоа многу добро може да се види на камерите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не бев свесен што се случуваше, а и Домник изгледа не знаеше. Од публиката забележивме дека нешто се случува. Тие го почувстуваа, но немаше преголема драма. Веројатно нешто вакво во Акапулко е нормално“, изјави Кепфер.
На Зверев не му се случило првпат.
„Пред некоја година имав слично искуство, тогаш земјотресот беше и посилен затоаш то го забележав. Сега не видов ништо, се надевам без проблеми поминале сите во регионот“, изјави Зверев.