Дома Фудбал Англија На повидок изненадување: Тухел се враќа во Премиер лигата?!

На повидок изненадување: Тухел се враќа во Премиер лигата?!

Манчестер Јунајтед со победа на пенали против второлигашот Ковентри се пласираше во финалето на ФА Купот каде што ќе игра против Манчестер Сити. Столчето на Тен Хаг веќе подолго време не е сигурно и клубот ги разгледува можните наследници.

Според информациите на новинарот на „Кикер“, Георг Холцнер, „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со Томас Тухел кој на крајот од сезоната заминува од Баерн.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Формата под водство на Холанѓанецот е разнишана во последните неколку недели, а новиот сопственик Џим Ретклиф се очекува сигурно да се раздели со Тен Хаг без разлика каков ќе биде исходот во купот.

Тухел со Баерн не успеа да ја освои титулата во Бундеслигата и тоа е првпат да му се случи на овој клуб по 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос во Буенос Аирес: Општа тепачка помеѓу Аргентинци и Чилеанци!

На натпреварот во Купот Судамерикана помеѓу аргентискиот Индепендиенте и Универзитет де Чи…