Славниот аргентински фудбалер Марио Кемпес смета дека ако Меси сака повторно да ја освои Лигата на шампионите ќе мора да си замине од Барселона.
Договорот на Меси истекува на крајот на сезоната, најавите од медиумите се дека ќе биде продолжен, но потврда од него се уште нема. Ситуацијата конечниот расплет ќе го има по завршувањето на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„На Меси веројатно му е добро во Барселона, но и самиот знае дека тешко повторно ќе ја освои Лигата на шампионите ако остане во клубот. Последниве години Барселона рано испаѓа, а клубот се мачи и поради финансииите. Ако Меси сака повторно да ја освои ЛШ тогаш ќе треба тоа да го направи со друг клуб. Можеби повторно да се здржи со Пеп Гвардиола во Сити или да оди во ПСЖ или Баерн. Ова се клубовите кои во овој момент имаат и екипи и пари за големи трофеи. За мене Баерн е пред сите затоа што директорите таму мислат со глава, а не со новчаник“, изјави Кемпес.
Сезонава Меси постигна 38 гола на 47 натпревари во Барселона, а подели и 24 асистенции.