Германија се покажа како идеална земја за одржување на Европското првенство во ракомет, турнирот каде што се чека финалето помеѓу Франција и Данска помина перфектно.
Освен што немаше никакви проблеми се поставија и одредени рекорди. Првиот рекорд беше поставен уште во првиот ден кога Македонија против Франција играше пред 53.586, а таа бројка беше зголемена со дуелот на домаќинот и Швајцарија истиот ден.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тие натпревари се играа во „Меркур Шпил Арената“ која за овие потреби се трансформираше во ракометно игралиште.
Но сега стигна и потврда за уште еден рекорд во вкупната посетеност. Турнирот досега го гледале 1.008.660 навивачи од сите земји, бројката и ќе се зголеми со одигрувањето на финалето.
Дефинитивно ова е рекорд кој во наредните првенства ќе биде тешко соборлив за наредните домаќини на турнирите.