На денешен ден пред три години видовме еден од најинтересните моменти во италијанскиот фудбал.
Аутсајдерот Беневенто играше против Милан. Милан во тој натпревар имаше предност од 1:2 се до последните моменти од натпреварот. Во тој момент на сцена стапи ни помалку, ни повеќе туку голманот на Беневенто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Беневенто доби прекршок, а тогаш сите нивни играчи вклучувајќи го и голманот Брињоли се преселија во шеснаесетникот. Најдобро на нафрлената топка се снајде токму Брињоли кој успеа да го совлада својот колега на спротивната страна.