Дома Фудбал Италија На денешен ден виден еден од најконтроверзните моменти во историјата на Серија А (видео)

На денешен ден виден еден од најконтроверзните моменти во историјата на Серија А (видео)

На денешен ден пред 22 години Интер и Јувентус го играа дербито на Италија кое директно одлучуваше за титулата во Серија А.

Натпреварите помеѓу Интер и Јувентус секоја година се своевиден спектакл и долго се паметат, но ова дерби ќе остане засекогаш запаметено по една „контроверзна“ одлука на судијата Чекарини.

„Феноменот“ Роналдо беше „фаулиран“ од Јулијано во шеснаесетникот на Јувентус, но судијата не досуди пенал и пушти играта да продолжи. Јувентус тргна во брз контранапад и буквално во истата акција беше досуден пенал над Дел Пјеро, кој беше одбранет од голманот на Интер.

„Бјанконерите“ до крајот запишаа минумална победа од 1:0, па на крајот го освоија и Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почетино задоволен од напредокот на репрезентацијата на САД

Маурисио Почетино е воодушевен од хемијата што се развива во репрезентацијата на САД пред …