Дома Фудбал Останато На дански репрезентативец му е дијагностициран дијабет

На дански репрезентативец му е дијагностициран дијабет

На Каспер Долберг му беше дијагностициран дијабет и ќе ги пропушти натпреварите во ноември за данската репрезентација, за да го продолжи лечењето.

Напаѓачот на Ница ја соопшти својата здравствена состојба на социјалните мрежи, но се очекува неговата дијагноза да не му попречи и понатаму да игра фудбал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Конечно ја открив причината поради која се чуствував чудно во последните недели. Среќен сум што лекарите можат да ми препорачаат правилно лечење и тоа нема да има никакво влијание брз мојата фудбалска кариера“, истакна Долберг.

Данска веќе се пласира на Светското првенство во Катар, па неговото отсуство на последните два меча нема да биде пресудно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ даде понуда од 55 милиони за ѕвездата на Барселона. Каталонците одбија и бараат повеќе

ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН испрати официјална понуда за играчот од средниот ред на Барселона, Френки …