Дома Македонски спорт Мак фудбал Муслиу е нов фудбалер на Шкендија

Муслиу е нов фудбалер на Шкендија

Репрезентативецот на Македонија, Висар Муслиу, од денеска е нов фудбалер на Шкендија.

Поранешниот фудбалер на Вардар, доаѓа како позајмен фудбалер од Приштина, а Шкендија има право да го откупи неговиот договор на крајот од оваа сезона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Муслиу настапуваше во Вардар во есенската полусезона, откако пристигна од Ренова, минатово лето. Меѓутоа, имал само аматерски договор со „црвено-црните“, па без никаква отштета замина во Приштина, а од таму се пресели во Шкендија.

Шкендија и Приштина всушност одиграа „игра“ со која го изираа Вардар за потписот на 23-годишниот Муслиу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…