Дефанзивецот на Тотенхем, Серж Орие по трет пат ги наруши мерките за самоизолација и го налути клубот, кој откри дека ќе започне истрага.
На својот профил на Инстаграм Орие објави фотографија од фризерски салон со која се издаде дека ги нарушил правилата за изолација. Фризерските салони немаат право да работат на Островот до 4-ти јули.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
За проблемот да е поголем, ова се случува во време кога се прават првите тестови за коронавирус и фудбалерите се враќаат на тренинг под строги услови и протоколи.
Од таборот на Тотенхем само кратко порачаа дека во тек е истрага и ќе следи санкција доколку се докаже дека Серж Орие ги прекршил правилата.
