Дома Трансфер зона Мурињо тргнува по ѕвездата на ПСЖ

Мурињо тргнува по ѕвездата на ПСЖ

Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо покажува сеилен интерес за плејмејкерот на ПСЖ, Марко Верати.

Пристигнувањето на Фред од Шахтјор е речиси сигурно, но „Специјалниот“ сака уште еден врвен играч за врска бидејќи ова лето ќе остане без Карик и Фелаини.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец веќе подолго време е мета на Манчестер Јунајтед, а „Мирор“ тврди дека Мурињо повторно ќе се обиде ова лето да го донесе на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ имаат одличен однос со неговиот менаџер Мино Раиола и наводно веќе стапиле во контак со него, а се спремни да понудат 100 милиони фунти за потписот на Италијанецот.

Самиот Верати е отворен за преселба во Премиер лигата, но останува да видиме како ќе реагира раководството на ПСЖ кое до сега ги одбиваше сите понуди за плејмејкерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…