Жозе Мурињо не беше позитивно расположен по дуелот против Барнли, кој заврши 2:2, Манчестњер во еден момент и губеше со 2:0, но благодарение на Лингард успеа да ја надополни негативата.
Португалецот истакна дека е незадоволен поради многу работи, но и дека клубот нема доволно голема клупа за ваквиот период.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не беа доволно тие пари кои ги потрошивме“, истакна Мурињо по мечот.
Медиумите веднаш потсетија дека Мурињо потроши преку 300 милиони фунри за овие две лета на засилувања, па изјавата не му е баш на место. Навивачите се сложија со тоа, на социјалните мрежи по ваквата изјава беа забележани само негативни реакции.
Погба беше донесен за 89 милиони фунти, Лукаку за 80 милиони, Матиќ за 40, Мхитарјан за 38, Баи за 34, а Линделоф за 30 милиони фунти.