Дома Трансфер зона Мурињо сега сака уште еден фудбалер на Челзи?

Мурињо сега сака уште еден фудбалер на Челзи?

mou

По стапките на Матиќ би можел да тргне уште еден фудбалер на „сините“, пренесуваат островските медиуми.

Според последните информации кои пристигнуваат од островот, Жозе Мурињо има намера во Манчестер Јунајтед да го доведе фудбалерот на Челзи, Вилијан,.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се шпекулира дека Бразилецот би можел да замине од „Стенфорд Бриџ“ и тоа веќе во текот на зимскиот преоден рок бидјеќи со доаѓањето на Конте го изгуби статусот на првотимец.

Вилијан во Челзи пристигна во летото 2013 година и тоа од Анжи за сума од 30 милиони фунти, „сините“ тогаш успеаа да го „украдат“ Бразилецот од пред „носот“ на Тотенхем.

Со доаѓањето во Англија Бразилецот повеќе не беше оној играч од Шахтјор, Жозе Мурињо го „уби Роналдињо“ во него и го претвори во „војник“ кој го користеше на крилната позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…