Дома Трансфер зона Мурињо се засилува со уште една ѕвезда од Премиер лигата

Мурињо се засилува со уште една ѕвезда од Премиер лигата

Раководството на Рома започна преговори со Кристал Палас за трансфер на Вилфред Заха, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Заха веќе неколку години беше мета на многу англиски клубови, но остана во Кристал Палас поради високата цена која му ја постави клубот.

Меѓутоа, Заха сега влезе во последната година од договорот и инсистира да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажува Рома.

Мурињо верува дека Заха одлично ќе се вклопи во неговиот тим и ќе биде идеален партнер за Абрахам, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Заха веќе дал зелено светло за преселба во Италија, а „волчицата“ верува дека ќе го договори трансферот за 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…